30-годишен бејзбол тренер починал од коронавирусот откако бил пуштен од болница

Точка

01/04/2020

18:24

3.036

Големина на фонт

а а а

Бен Лудерер, 30-годишен бејзбол тренер од Њу Џерси, починал откако се заразил со коронавирусот. Веста за неговата смрт ја потврдил клубот „Cliffside“ каде што работел.

„Со длабоко жалење ве известуваме за смртта на Бен Лудерер, учител и безјбол тренер. Сочувство до неговото семејство“, напишале во соопштението.

Сопругата на Бен за „BuzzFeed“ рекла дека таа прва се тестирала за коронавирусот и дека била позитива. Посла само неколку денови од тестот, Бен исто така почнал да покажува симптоми на вирусот.


Кога состојбата му се влошила, Бен отишол во болница на лекување и брзо завршил на респираторна машина. Потоа состојбата му се подобрила и лекарите процениле дека можат да го пуштат на домашна нега.

Денот кога бил пуштен од болница, Бен покажувал знаци на опоравување, но вечерта на сопругата ѝ рекол дека повторно се чувствува лошо. 

„Се обидов да му помогнам колку што можев. Се потеше преку облеката. Беше исплашен“, рекла таа.

Бен починал следниот ден, а од болницата потврдиле дека немал здравствени потешкотии пред да се зарази од коронавирусот.

Од него се простил и бејзбол клубот од кој некогаш бил дел.

„Тажни сме поради поранешниот студент и играч, Бен Лудерер. Беше паметен, цврст и одличен соиграч, тренер и учител“, напишале на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг