Во Еквадор стапката на смртни случаи поради коронавирусот е толку многу голема што мртвите тела се таложат во болничките сали, јавните простори и домовите на покојните, но и на улиците.
Еквадорскиот претседарел Морено, во понеделникот најавил изградба на гробишта за вонредни ситуации поради ширењето на коронавирусот во Јужноамериканската дражва.
Администрацијата во Гвајакил изјавила дека набавила тестови и лекови за оние на кои што им се најпотребни, но многу од граѓаните на Еквадор ги демантирале тие изјави и тврдат дека медицинскиот материјал не е испорачан.
Исто така тие ја осудиле и недоволната бројка на медицински кадар во таа земја.
На социјалните мрежи се споделуваат вознемирувачки снимки, меѓу кои има и такви на кои што се гледаат мртвите тела на луѓето кои што се поставени сред улица, а потоа истите ги палат...
И покрај сите мерки кои што се преземени, Еквадор е на удар на критиките поради задоцнетата реакција на властите која што резултирала со голем број на смртни случаи.