Трето европско жариште - преку 52.000 заболени и 3.500 починати

Точка

01/04/2020

19:53

7.063

Големина на фонт

а а а

Во Франција во вторникот починале рекорден број на луѓе од новиот коронавирус - дури 49, соопштиле здравствените власти на таа земја.

Како што пренесува BBC, властите планираат пациентите во критична состојба да ги префрлат од Париз во помалку погодените региони. 

Во Франција, според податоците на порталот "worldofmeters" досега од коронавирусот COVID-19 заболеле 52.128 лица, а починале 3.523 и според бројот на смртни случаи таа земја е трета во Европа, а четврта во светот, веднаш зад Италија, Шпанија и САД.

Веќе три дена по ред бројот на заболени во Франција расте, иако властите на таа земја се обидуваат три недели да го забават ширењето на болеста, пишува порталот France 24. За само 24 часа, меѓу понеделникот и вторникот, бројот на заразени пораснал за 17 проценти, како и бројот на починати.

Директорот на агенцијата за здравје, Жером Саломон, рекол дека засега во смртни случаи се вбројуваат само оние кои починале во болница, но дека тој број ќе биде многу поголем кога ќе се додадат и оние кои починале во домовите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг