На ГАК почина родилка од Охрид и нејзиното бебе, се чекаат резултати од коронавирус

Нетпрес

01/04/2020

12:20

2.125

Големина на фонт

а а а

На Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, родилка која вчера попладне е донесена во Скопје со возило на брза помош во фебрилна состојба со мртов плод во стомакот.

Како што соопштуваат од ГАК, на жената уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19.

„Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирус“, стои во соопштението.

За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влошила, лекарите се обиделе да ја реанимираат, но во 22.00 е констатирана смрт.

„Причина за смртта е сепса со масивна тромбемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукација по што ќе има егзактна дијагноза. Се работи за екстремно гојазна пациентка која во последните 5 месеци воопшто не се ни движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли“, соопштија од ГАК.

Сега починатата родилка е донесена без претходна најава од матичен лекар и оставена пред влезот на Клиниката. По измерената телесна температура, таа е веднаш спроведена на посебен влез до одделението за изолација.

„Еден дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки супсектни и позитивни на Ковид-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим“.

На ГАК беше породена и жена од Куманово која е потврдено дека е позитивна на коронавирус.

„Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на интезнивна нега на ГАК. Новороденчето е изолирано и е во добра општа состојба, не е на машина туку само со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и направен тест на Ковид-19“.

Родилката вчера почнала да развива потешка клиничката слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг