Откако во јануари беше претставен џипот GV80, јужнокорејската компанија Genesis ја претстави лимузината G80 чија продажба започнува во втората половина од 2020-та година.
Genesis онлајн ја претстави својата нова лимузина G80. Овој автомобил ќе располага со 2,5-литарски четирицилиндарски мотор кој може да произведе околу 300 коњски сили и максимален обртен момент од 421 Nm. Исто така, на купувачите ќе им биде на располагање и 3,5-литарски мотор кој ќе развива 375 коњски сили и 530 Nm максимален обртен момент.
За љубителите на дизелот исто така Genesis подготви и верзија со 207 коњски сили и погон на задните тркала.
Инаку, Genesis G80 ќе чини околу 40 илјади долари, а повеќе информации околу овој автомобил ќе пристигнат наскоро.