Мистеријата зад заразените со коронавирус во Јапонија: Одложувањето на Олимписките игри разоткри голема измама?

Точка

31/03/2020

21:18

12.777

Големина на фонт

а а а

Пред да бидат одложени Олимписките игри, Јапонија делуваше како земја која го држи коронавирусот под контрола, иако тој поприлично се прошири во соседните земји.

Сега, кога Олимписките ири се поместени за следната година, бројот на заразени во Токио нагло се зголеми, а властите бараат луѓето да останат дома, па дури наговестуваат и можно затворање на градот. 

Овој нагол пораст на бројот на заболени во Токио и силните акции на владата веднаш по одложувањето на Игрите покренаа прашања во парламентот и помеѓу граѓаните за тоа дали Јапонија го потцени опсегот на избивање и ја одложи примената на мерките за социјално дистанцирање, истовремено надевајќи се дека Олимпијадата ќе започне на 24 јули според распоредот.

Кога Олимписките игри се дефинитивно откажани, многумина сега изразуваат сомнеж дека бројот се зголемува бидејќи Јапонија нема причина повеќе да крие било што.

“За да создаде впечаток дека градот има контрола над коронавирусот, Токио избегнуваше строги мерки и прикажуваше дека бројот на заболени е помал отколку што навистина е”, вели поранешниот јапонски премиер Јукио Хатојама кој додава дека приоритет за градоначалникот на Токио била Олимпијадата, а не жителите.

Премиерот Шинзо Абе во саботата изјави дека Јапонија се наоѓа на раб на голем скок на заболени бидејќи станува сè потешко да се следат и држат кластерите под контрола.

“Едвај издржуваме во моменталната ситуација”, предупредил Абе и додал дека сè уште нема потреба од вонредна состојба, но Јапонија во било кој момент може да се соочи со ситуација како онаа во САД или Европа.


Само еден ден по откажувањето на Олимписките игри, Токио од своите сограѓани побара да останат дома за време на викендите, дека тоа ќе се спроведува до средина на април и дека само во еден ден е потврден 41 случај.

Токио во саботата пријави 63 нови случаи, а градоначалникот изјавил дека би можело да бидат потребни посилни мерки доколку не се забави ширењето на вирусот.

“Дали е ова само случајност?”, изјавил Маико Тајима, опозициски пратеник од Уставно-демократската парија, во текот на седницата минатата недела, повикувајќи се на изненадниот скок на заболени во Токио.

Министерот за здравје Кацуноби Като изјавил дека “апсолутно нема никаква поврзаност” помеѓу одложувањето на Игрите и бројот на потврдени случаи, а премиерот Абе ги негирал наводите дека Јапонија манипулирала со бројките, ограничувајќи го бројот на тестирани или претставувајќи ги починатите од Ковид-19 како жртви на воспаленија на белите дробови.

“Свесен сум дека некои луѓе се сомневаат дека во Јапонија се кријат таквите бројки, но ве уверувам дека тоа не е точно. Ако постои некакво затајување, ќе се покаже преку бројот на починати”, рекол Абе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг