Револуција на пазарот за недвижнини - луѓето бегаат од градовите, цените паѓаат

Точка

31/03/2020

14:42

1.979

Големина на фонт

а а а

Недвижнините во светот рекордно поевтиниле поради коронавирусот, за цели 30 проценти, наведува агенцијата за консултирање "Knight Frank".

Од почетокот на март експертите забележале раст на понудите и апартманите со попуст до 30 проценти - во главно во Франција и Италија. Многу објекти биле ставени на продажба од порано, но сега се продаваат со попуст. 

Меѓутоа, расте побарувачката на вили надвор од градовите, посебно во Лондон и Њујорк, додека на Кипар популарните се вилите и апартманите за изнајмување, поради затворањето на хотелите.

Посебно е популарно склопувањето на договори без лично присуство, на пример за учество во миграциони програми. Во главно во државите од Карпискиот басен: Гренада, Антигва и Бермуда, Сент-Китс и Невис.

Медиумите, повикувајќи се на агентите за недвижнини, пишуваат дека богаташите во Русија се преселиле во своите викендички, бегајќи од вирусот.

Во март бројот на купопродажни договори на московската елита за куќи надвор од градот пораснал за 12 проценти во однос на истиот период минатата година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг