Епидемиолозите отрија зошто половина Европа ‘падна на колена’ пред коронавирусот

Точка

31/03/2020

15:48

6.875

Големина на фонт

а а а

Сè поголем број на болници во Европа се борат со десеттина илјади пациенти заразени од коронавирусот, а кризата покажала и изненадувачки парадокс – европските земји, кои што имаат најдобар здравствен систем и болници, не се во состојба да се борат со пандемјата.

Епидемиолозите тврдат дека причината за тоа е организацијата на здравствениот систем во кој централно место заземаат болниците, недостаток на епидемиолошки искуства и неселективно сместување на пациентите во болниците.

Минатата седмица од СЗО укажаа на недостатоците на европскиот пристап кон пандемијата и истакнаа дека требало поагресивно да се реагира и два месеци претходно и дека требало да се спроведат пообемни тестирања и подобри мерки за надзор.

Многу експерти тврдат дека пристапот на европските земји во борбата против Ковид-19 на почетокот воопшто не бил добар и дека им недостасувала примена на основа на епидемиологијата како што е следење на контакти, односно следење на лицата со кои што заразените имале контакт за да се спречи понатамошно ширење на вирусот.


Освен тоа, здравствените работници во Европа имаат малку искуство со рационализација во давање на здравствена нега затоа што европските болници генерално не се добро опремени, а тоа досега се покажало како проблем.

Во здравствениот систем на европските земји, централно место заземаат пациенти и давање здравствена нега на пациентите, но епидемијата бара промена на оваа перспектива и ставање фокус на заедницата.

Таквиот модел воглавно постои во Африка и некои делови на Азија, каде што болниците се резервирани за пациенти со најтешка здравствена состојба, додека пак останатите пациенти се изолираат или пак се лечат во други објекти, налик на болници кои што се прават ширум Европа.

Во такви услови ефикасно е и да се ангажираат огромен број здравствени работници кои што имаат помалку искуство од докторите и кои што се фокусирани на примена на мерките за контрола на епидемијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг