Внесува радост во време на пандемија – им ја доставува поштата на граѓаните во луди костими

Точка

31/03/2020

14:19

674

Големина на фонт

а а а

Начинот на кој еден поштар во Велика Британија им ја носи поштата на граѓаните стана хит на социјалните мрежи.

39-годишниот Џон Метсон кој 4 години работи за “Royal Mail” одлучил да даде сè од себе за барем малку да ги развесели своите сограѓани во текот на пандемијата на коронавирусот. 

Тој, со одобрение од шефот, ја заменил својата униформа со луди костими.

Откако се појавил во костим на мажоретка и предизвикал насмевка на сечие лице, Џон станал личност која сите желно ја исчекуваат. Но, тој добил и бројни пораки во вид на благодарност.

Метсон ја извршувал својата работа облечен и како малечката Бо Пип и преправен во грчки војник, а на луѓето им порачал дека во наредните денови ќе понуди уште многу интересни костими.

Таткото на две деца објаснил зошто се одлучил на ваков чекор:

“Сите сега се чувствуваат несигурно и вие сте единствената личност која ја гледаат надвор од кругот на семејството. Зошто тогаш да не им изнудите насмевка?”, изјавил Џон за “Sunderland Echo”.

Во разговор за “BBC” истакнал дека со тоа го подигнал духот на целата заедница и поврзал многу луѓе.

“Тој на жителите им испраќа позитивна порака дека не е сè лошо и мрачно во овој вирус... Горда сум што тој е мој поштар и едвај чекам да го видам неговиот следен костим”, изјавила Зое Грант, жителка во реонот кој е во надлежност на Џон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг