Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Макфакс

31/03/2020

13:44

2.234

Големина на фонт

а а а

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески на 8 години затвор, за проневера на околу 360.000 евра заедно со уште 20 лица кои се прогласени за виновни за различни кривични дела.

„Обвинетиот Владимир Талески го сторил кривичното дело злоупотреба на службена положба и овастување“, соопшти судијката Добрила Кацарска.

Обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов побара пауза за да се произнесат за мерките на претпазливост кои дел од обвинетите ги имаат, но и за изречување на нови за останатите осудени.

Случајот „Траспортер“ беше отворен во април 2016 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг