Вилијан потврди дека ќе си оди од Челси, но најави дека сака да остане во Англија

Дерби

31/03/2020

12:10

791

Големина на фонт

а а а

Искусниот бразилски фудбалер од редовите на Челси, Вилијан и дефинитивно потврди дека ќе си замине од редовите на Челси по крајот на оваа сезона.

Играчот не се договори со клубот од Лондон за продолжување на соработката, па во иднина ќе баранова средина каде би ја продолжил кариерата. Вилијан посочи дека сака да остане во Премиер лигата, но не отфрли можност за трансфер и во некоја од другите силни европски лиги.

– Моја желба е да останам во Премиер лигата, но нема да отфрлам можен трансфер и во другите лиги. Ќе играм во Челси до крајот на сезоната и ќе видиме што ќе се случи. Единствени конкретни преговори досега беа тие со Челси кои не вродија со плод. Тие ми нудеа двегодишен договор, а јас барав три. Сега се запре, - изјави Вилијан.

Се шпекулира дека Вилијан е желба на неговиот поранешен тренер од Челси, Жозе Мурињо кој во моментов го води тимот на Тотенхем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг