Сместени 154 луѓе во карантин во хотелите на ЕСМ на Попова Шапка

Макфакс

31/03/2020

12:05

978

Големина на фонт

а а а

154 лица се сместени во државен карантин во хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ.

Сместувањето е извршено во текот на вчерашниот и денешниот ден. Граѓаните се вратени со два лета од Виена, Австрија и од Базел, Швајцарија.

При приемот, лицата се контролирани и анкетирани од страна на медицинска екипа од Клиничкиот центар-Тетово, со постојано присуство и асистенција на МВР.

Дистрибуцијата на храна, вода и средства за хигиена до собите се извршува од страна на вработените во ,,Елемтурс”, според пропишаните процедури и протоколи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг