Пред неколку дена беше објавено дека легендарниот турски голман, Речбер Рушту бил позитивен на тестот за коронавирус.
Неговата сопруга тоа го потврди во јавноста и притоа додаде дека состојбата не му е баш најдобра.
Сега, медиумите во Турција пренесуваат дека состојбата дополнително се влошила и дека 46 годишниот голман се бори за живот на една од клиниките.
На поранешниот голман на Барселона кој ќе остане запаметен по неговите црни линии под очите пред два дена значително му се влошила состојбата. Медиумите се уште немаат пренесено информација дали Рушту се наоѓа на респираторна машина, но потврдија дека состојбата е доста сериозна.