Рио посочи кој клуб би бил идеален за Кутињо: Премиер лигата би го спасила, би рекол…

Дерби

31/03/2020

11:13

836

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и стручен аналитичар за медиумите на Островот, Рио Фердинанд смета дека Фелипе Кутињо треба да се врати во Премиер лигата.

Бразилецот во моментов настапува во Баерн Минхен како позајмен играч од Барселона, меѓутоа ни на „Камп Ноу“, а ни на „Алијанц“ не му оди баш најдобро.

Според Фердинанд, Кутињо треба да размисли за враќање во Премиер лигата каде играше одлично во дресот на Ливерпул.

– Во Ливерпул беше фантастичен играч, но кога го напушти клубот не направи ништо. Имаше потешкотии во Барселона, не можеше да се вклопи, а ни во Баерн не блеска. Мислам дека е феноменален играч и голем талент и дека мора да биде спасен. Враќање во Премиер лигата, во вистински тим би било спасоносно за него. Тоа му е потребно. Пред да дојде Бруно во Манчестер би рекол дека тоа е виситнскиот клуб за него, но не и сега. Дали би го подобрил Тотенхем? Да, со сигурност, тоа би била добитна комбинација, - изјави Фердинанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг