Поранешен англиски фудбалер со совет до Кејн: Би бил глупав ако не се пресели во…

Дерби

31/03/2020

11:12

964

Големина на фонт

а а а

Хари Кејн пред два дена најави дека би можел да си замине од редовите на Тотенхем доколку клубот не се вмеша во битка за поважните трофеи како Премиер лигата и Лигата на шампионите.

„Петлите“ минатата сезона беа блиску до таков успех, но годинава потфрлија и доживеаја елиминација од РБ Салцбург.

Поранешниот англиски фудбалер кој го има носено дресот и на Челси, Крис Сатон изјави дека играчот би бил глупав ако не се пресели во Манчестер Сити или Ливерпул, клубови кои се најсериозни претенденти за освојување на големи трофеи во иднина.

– Ако сака да ја освои Премиер лигата тогаш треба да оди во клуб кој има подобри шанси за тоа од Тотенхем. На сите им е јасно дека тој сака да освои нешто, а за да го стори тоа треба да си замине од клубот. Тотенхем е супер клуб, но временски се далеку зад Ливерпул и Сити. Ако некој од овие тимови се заинтересира за Хари, тој би бил глупав ако ги одбие, - изјави Сатон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг