Поради коронавирусот прашање е кога, како и дали ќе се заврши оваа актуелна натпреварувачка сезона во Примера, но без разлика на тоа реномираниот „АС“ состави една интересна, револуционерна единаесетка на Реал Мадрид, односно како може да изгледа почетната постава на „кралевите“ во сезоната 2020/2021.
Во формацијата 4-3-3 нема некои добро познати имиња како Карвахал, Марсело/Менди, Крос, Азар… го нема ниту Валверде, но затоа се тука некои играчи кои се очекува да се вратат од позајмици како Хакими, Одегард, Регуилон, Кубо.