Синот конечно добил прилика да му возврати на татка си за казнувањето во детството.
За тоа дека епидемијата на коронавирусот има и свои добри страни, покажале со својот необичен однос Ник Вадел и неговиот татко.
Тие почнале да снимаат видеа на кои прикажуваат како улогите во семејството нагло се промениле поради новонастанатата ситуација.
Бидејќи на лицата над 65 години им е забрането да излегуваат надвор, Ник тоа го искористил и веднаш му вратил на неговиот татко за сите казни и пропуштени излегувања.
Како короната од синот направила татко и обратно, погледнете во нивното духовито видео.