Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Макфакс

30/03/2020

18:45

3.715

Големина на фонт

а а а

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката била донесена во болница поради тешкотии во дишењето.

„Во општата болница во Струга била донесена пациентка поради тешкотии во дишењето. Таа имала претходна респираторна болест.Направен е обид за реанимација, за жал, пациентката починала, но таа не е дијагностицирана со Ковид- 19. Со оглед на сличноста на клиничката слика на оваа болест, посмртно е земен брис и ги чекаме резултатите“, рече министерот Филипче.

Ова е втора пациентка која по смртта се тестира за коронавирус. Прва беше пациентката од Куманово која претходно имала два негативни теста на коронавирус, а тестот направен по смртта покажал дека била заразена со Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг