Па ајде ти не го почитувај чеченскиот карантин: Еве кои мерки ги применува полицијата ако некој го прекрши

Точка

30/03/2020

18:45

10.180

Големина на фонт

а а а

Полицајците вооружени со пластични цевки во руската република Чеченија патролираат по улиците, за да обезбедат почитување на карантинот, известиле руските медиуми овој викенд.

Регионот со мнозинско муслиманско население во саботата вовел строг карантин со строги казни за напуштање на домот. Видео снимките кои кружат на интернет од петокот покажале полициски конвои кои ги советуваат жителите да останат дома и маскирани мажи во униформи кои носат бели цевки на пустите чеченски улици. 

"На сила е карантин. Од нас се бара тие што не го разбираат тоа, да им го објасниме со оваа цевка", рекол еден од авторите на видеото.

Според пишувањето на "Новаја Газета" чеченските чувари ги користат истите пластични цевки и во затворите во регионот.

Повикувајќи се на снимките на очевидците, "Новаја Газета" известила дека полицајците исто така напаѓале возачи бидејќи не носеле маски за лице.

Чеченија регистрирала девет случаи на коронавирус од понеделникот. Вкупниот број на случаи во Русија изнесува 1.836.

На почетокот на овој месец, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ја отфрлил заканата од коронавирусот, советувајќи ги луѓето да пијат лимонска и медена вода за да го зајакнат својот имунолошки систем, но и да јадат лук за "почиста крв".




Спонзорирани линкови

Маркетинг