Џим Кери дошол до интересна идеја за време на изолацијата и ги повикал сите да му се приклучат

Точка

30/03/2020

17:25

4.329

Големина на фонт

а а а

Комичарот одлучил секој ден со своите 18,5 милиони фанови да ја споделува својата "бесмислена трансформација".

Славниот американски комичар Џим Кери никогаш не престанува да не засмејува, а сега открил дека ќе пушта брада за време на самоизолацијата и дека ќе ја забележува својата трансформација на социјалните мрежи. 

Џим со децении не засмејува во филмови и ТВ емисии, а сега тоа продолжува да го прави и за време на пандемијата на коронавирусот.

Добитникот на два Златни глобуси одлучил да "им помогне" на своите фанови што полесно да минат низ самоизолацијата и ги повикал да му се приклучат во предизвикот.

Тој минатата недела поставил фотографија од своето лице со опис:

"Ден 1. Ќе пуштам брада додека сите не се вратиме на работа. Ќе поставувам фотографии за да можете да се восхитувате на чудото од мојата бесмислена трансформација. Приклучете ми се", напишал Џим.

Досега објавил три фотографии, а последната, како што навел, е направена на петтиот ден од карантинот.

На ова се одлучил откако Центарот за контрола на болести ги советувал мажите да се избричат, бидејќи брадата би можела да му пречи на респираторот во случај на заболување од коронавирусот.

Кери неколку пати во минатото имал голема брада, а посебно било забележано неговото појавување на доделувањата на Златните глобуси во 2016-та година.

Бил непрепознатлив и како тивкиот Хермит, додека глумел во филм со Џејсон Мамоа.

Неговиот нов стил го претставил во филмот "Sonic", каде го игра докторот Роботник, кој има само остри мустаќи без брада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг