Психолошки тест: Изберете едно човече и дознајте што тоа кажува за вас

Точка

30/03/2020

17:15

4.947

Големина на фонт

а а а

Автор на овој тест е британскиот психолог Пип Вилсон. Тестот првенствено бил направен за деца на училишна возраст за да се утврди колку тие се адаптирале во училиштето по првите 3 години. Но, со текот на времето се дознало дека овој тест е подеднакво добар и за возрасните.

Тестот ќе ви помогне да разберете која е вашата моментална емоционална состојба, што сакате да имате и до одредена точка ќе ви даде увид во тоа кое е вашето место во општеството. 

Секое од овие човечиња на дрвото зазема посебно место. За почеток, одберете го она човече кое најмногу наликува на вас, а потоа одберете го човечето на кое би сакале да наликувате.


Доколку ги одбравте позициите 1, 3, 6 или 7, тоа ве карактеризира како мотивирана личност која не се плаши од препреки.

Ако одбравте 2, 11, 12 или 19, тоа значи дека сте друштвена личност која секогаш сака да им помогне на своите пријатели.

Одбирањето на бројот 4 ве дефинира како личност која сака да постигне најголем можен успех во животот без да мора да се соочи со премногу потешкотии.

Ако вашиот избор е број 5, тоа е сигурно поради фактот што сте исцрпени, слаби и со малку сила или мотивација.

Доколку човечето со број 9 е вашиот избор, вие сте весела личност која сака да се забавува.

Број 13 или 21 – вие сте затворена личност која воглавно се бори со внатрешни конфликти. Избегнувате комуникација со луѓе освен доколку истата е неопходна.

Број 8 – сакате да се губите во своите мисли, да медитирате за вашите работи и да “пловите” во својот внатрешен свет.

Доколку го избравте бројот 10 или 15 вие сте нормално прилагодени кон животот и се наоѓате во пријатна ситуација, во согласност со вашата внатрешност.

Број 14 – паѓате во емоционален амбис, а тоа е најверојатно бидејќи преживувате некоја внатрешна криза.

Бројот 20 најчесто го избираат лицата со висока самодоверба. Станува збор за природни лидери кои сакаат луѓето да ги слушаат само нив.

Број 16 – се чувствувате уморно од обврските да им помагате на другите, но исто така е можно да забележавте дека човечето со бројот 17 ве прегрнува. Во тој случај можно е да знаете дека сте опкружени со внимание, што и ви се допаѓа.

Број 18 – приоритетите во вашиот живот се урамнотежени и иако чувствувате дека вашата кариера може да биде подобра, се чувствувате добро онаму каде што сте.

Бројот 17 укажува дека сте опкружени со внимание и знаете да бидете пријател. Повеќе ја сакате сигурноста на она што го имате од она што би можело да го имате.



Спонзорирани линкови

Маркетинг