Трогателна фотографија: „Ова е мојот 87-годишен дедо, се подготвивме за најлошото, но го победи вирусот“

Точка

30/03/2020

15:38

3.427

Големина на фонт

а а а

87-годишен дедо ја напуштил болницата откако ја победил 2-неделната борба со коронавирусот и тоа откако неговото семејство веќе се подготвило за најлошото.

Фотографијата од Евардс Локтон, кој ја напушта општата болница во Манчестер, ја објавила неговата внука, Софи Едвардс, пред неколку денови, а потоа стана вирална.

На Локтон му било дијагностицирано воспаление на белите дробови откако тестовите покажале дека е позитивен на Ковид-19.

„На сите им требаат позитивни вибрации“, ја започнала својата објава на Фејсбук неговата внука откако бил пуштен од болница.

„Ова е мојот 87-годишен дедо кој се поздравуа со персоналот од болницата во која беше две недели со воспаление на белите дробови и коронавирус. Своето опоравување сега го завршува онаму каде што припаѓа, дома, со баба“, напишала таа и им се заблагодарила на вработените и на сите за поддршката.

Нејзината објава за неколку денови ја споделиле речиси 100.000 луѓе.

„Каков освежувачки почеток на денот, гледате дека тој ужасен вирус може да се победи“, е еден од коментарите на Фејсбук. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг