Си-ен-ен открива: Како Шпанија стана новото жариште на коронавирусот?

Точка

30/03/2020

22:00

8.186

Големина на фонт

а а а

Шпанија, покрај Италија е втората земја по ред во која што има најмногу смртни случаи поради коронавирусот. Си-ен-ен открива како дошло до тоа оваа земја да стане новото жариште на коронавирусот.

Невообичаено топло време, Лига на шампиони и други важни настани, куќи на плажи и култура на ‘кафепиење’, се само некои од факторите кои што можеби допринеле во ширењето на коронавирусот по јужна Европа – од Италија во Шпанија и Португалија.

Вирулентноста и смртоноста на новиот коронавирус се поклопува со фактот дека треба да поминат најмалку неколку денови за да се појават симптомите, но и со грешките на владата кои што го следеле неговото влијание пред да се занимаваат со спречување на неговото ширење, пренесуваат од Си-ен-ен.

Појавата на масовните заразени случаи во Шпанија се поврзува со натпреварот од Лига на шампионите одржан на 19-ти февруари, помеѓу Аталанта и Милан, кога околу 3.000 навивачи допатувале во Милано за да го следат овој натпревар.


На стадионот имало околу 40.000 Италијанци, а поголемиот дел од нив биле од Бергамо и околните градови.

Освен на стадионот многумина овој натпревар го следеле од своите домови, но и од околните барови така што можноста за ширење на вирусот постоела таа вечер, изјавил градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори.

Слично мислење има и имунологот Франческо Ле Форче кој вели дека постојат неколку можности за ширење на вирусот, и дека тој натпревар е една од нив.

„Било лудо да се игра со толкаво присуство на публиката, а во исто време работите не беа толку многу јасни во врска со вирусот“ – изјавил Ле Форче.

Два дена подоцна во Италија во градот Кодоња беше евидентиран првиот случај, односно нултиот пациент во таа земја, но како што велат експертите вирусот веќе долго време бил во ‘движење’.

Како што наведуваат тие, во моментот кога веќе бил откриен пациентот епидемијата веќе се проширила во поголемиот дел од општините на југот од Ломбардија. Потоа почна масовното ширење на епидемијата во Италија.

За тоа време гостите од Валенсија се вратиле во своите домови, а еден од нив бил спортскиот коментатор кај кој само неколку денови подоцна бил дијагностициран вирусот.


Кон крајот на тој месец биле дијагностицирани и нови случаи на вирусот, а во почетокот на март заразен бил и некој Португалец кој што престојувал во Валенсија.

И фудбалскиот клуб Валенсија соопштил дека третина од нивните играчи и членови на тимот се заразени со коронавирусот.

Меѓутоа, животот во Шпанија продолжил да се одвива по старо – барови и кафулиња кои што биле отворени, а топлото време ги мамело Шпанците да излезат надвор, а покрај сето тоа следеле и големите протестни маршови на 8 Март за Денот на жената.

Во наредните денови во Шпанија било издадено соопштение граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку не е неопходно, но потоа по зголемениот број на потврдени случаи на Ковид-19 следеле поригорозни мерки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг