„Сите респираторни вируси се повлекуваат со престанување на грејната сезона, но коронавирусот ќе се врати повторно на есен“

Точка

30/03/2020

15:05

7.439

Големина на фонт

а а а

Професор по молекуларна биологија и биохемија на загребскиот Природно математички факултет, Гордан Лауц, зборувал за начините на заштита од коронавируст и вториот бран на епидемијата.

Гордан Лауц, редовен професор по молекуларна биологија и биохемија на факултетот во Загреб, од почетокот на епидемијата објаснува сè околу коронавирусот.

Некои од своите совети и стручни мислења во врска со заразата тој ги споделил за хрватски весник. Тоа што се наведува како најважно во борбата со коронавирусот, а не се спомнува во јавноста е ‘влажноста на воздухот’.

„Примарното место на влегувањето на сите респираторни вируси е слузницата на носот, устата и очите. Во нормални услови таа е заштитена со дебелината на слојот од слузница кој што се нарекува мукоза, а се состои од хидрирани гликани кои што претставуваат природна одбрана против вируси и бактерии. Но, доколку подолго време вдишуваме сув воздух, таа бариера ја губи функцијата и вирусите можат да навлезат во нашето тело. Сите знаеме дека сувиот воздух е штетен, но за жал малку работи правиме за тоа да го спречиме. Темелниот проблем е фактот што ладниот воздух содржи многу малку влага така што кога ќе го загрееме воздухот во простории кои што ги загреваме тој станува многу сув. Истражувањето во Америка покажало дека во текот на зимата влажноста на воздухот во затворени загреани простории е околу 20 отсто, што е многу малку и доволно за ширење на вирусот“ – изјавил Лауц.


Овој научник вели дека кога станува збор за вакцината против коронавирусот, науката не е доволно брза да ја реши оваа ситуација.

Тој објаснува дека вакцината и лековите за жал нема да бидат подготвени ниту до есен...

За вториот бран на епидемијата тој објаснува:

„Сите респираторни вируси се повлекуваат со престанување на грејната сезона и се очекува истото да се случи и со овој вирус. Епидемиолошките податоци упатуваат на тоа дека тоа навистина треба да биде така. Но, иако гледаме дека има голем број на заболени лица, сепак само помал дел од популацијата досега се сретнал со вирусот. Иако во текот на летото тој поспоро ќе се шири, вирусот нема да исчезне и на есен ќе се врати од илјадници различни жаришта. Тогаш кога поголем дел од популацијата ќе го прележи вирусот и ќе стане отпорна на него, може да очекуваме дека и неговото ширење ќе биде помало“- заклучил овој професор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг