Роби Вилијамс по три недели во карантин пристигнал дома, децата му притрчале во прегратка

Точка

30/03/2020

14:45

2.372

Големина на фонт

а а а

Пејачот по престојот во Австралија морал да ги испочитува мерките за претпазливост кои подразбираат изолација.

46-годишниот Вилијамс минал три недели во карантин поради пандемијата на коронавирусот против кој се бори целиот свет, по што се вратил кај своето семејство. 

Пејачот не е позитивен на вирусот, но поради престојот во Австралија морал да ги испочитува мерките мерките за претпазливост кои наложуваат карантин.

Снимката од неговото враќање дома ја објавила неговата сопруга Ајда на Инстаграм.

"Повторно заедно по три недели! Толку сме среќни што тато е повторно дома по карантинот! Конечно заедно", напишала сопругата на Роби и апелирала за останување дома.

На снимката децата на Роби трчаат во прегратката на својот татко кога гледаат како приоѓа дома.

"Тато, многу ни недостасуваше", викале децата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг