Овој документарец за борбата со коронавирусот секој треба да го погледне: „Посвета до сите оние кои неуморно се борат против Ковид-19“

Точка

30/03/2020

13:55

3.226

Големина на фонт

а а а

Додека дел од светот површно ја следеше приказната за новата болест која што ѝ пркоси на планетата и 'одмавнуваше' со рака на медумите кои што предупредуваа пред вратите на целиот свет дека ситуацијата е сериозна – долгата и тешка борба против невидливиот и непознат непријател, кинеските власти на 23-ти јануари тргнаа со ригорозните мерки, не само во Вухан туку и во останатите градови во провинцијата Хубеј, со надеж дека ќе го запрат вирусот.

Иако станува збор за приказна која што барем во Кина има среќен крај, документарниот филм „The Lockdown: Оne month in Wuhan“ е мрачен потсетник на долгомесечната борба на кинеските власти со болеста која што од ден на ден земаше поголем замав...

Како што знаеме, тамошните власти неодамна започнаа да ги намалуваат мерките откако помина една седмица, а таму не е забележан нов случај на заразени пациенти со Ковид-19.

И додека на социјалните мрежи се шират теории на заговор, видеа чија цел е да се намали сериозноста на пандемијата, непроверени информации и неточни моменти за вирусот, овој документарец кој за кратко време го погледнале 15 милиони луѓе е новиот ‘хит’.

Документарецот е важен затоа што меѓународните здравствени експерти ги пофалиле потезите на кинеските власти, велејќи дека истите биле критични во успорување на ширењето на вирусот во остатокот од светот за барем две до три седмици.

Во исто време, како што велат авторите на филмот, тој е: „Посвета на сите кои што неуморно се бореа против вирусот Ковид-19 за да ја намалат епидемијата. Нивната одбрана на човештвото засекогаш ќе остане запомнета“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг