Над 12 милиони жители во изолација: Од денес драстично се заострија мерките во Москва!

Точка

30/03/2020

09:55

1.878

Големина на фонт

а а а

Жителите на рускиот главен град ќе можат од денес да ги напуштаат своите домови само под посебни услови, во склад со новите мерки кои имаат за цел да го спречат ширењето на коронавирусот во земјата.

Објавувајќи ги новите мерки, градоначалникот Сергеј Собјанин им порача на жителите на Москва дека повеќе нема да можат „без причина да шетаат низ градот“.

Жителите на Москва од денес ќе можат да одат и да се вратат од работа, да одат до продавница или аптека, како и до контејнер за да фрлат ѓубре. Секое друго движење низ градот е забрането, а со кучињата и другите домашни миленици ќе може да се излегува само пред куќа или зграда.

Руските власти од претходно воведоа забрана за движење на постарите од 65 години и наредија затворање на трговските центри, кафетерии, ресторани и паркови. Целта на мерките е да се спречи ширење на коронавирусот во градот во кој живеат над 12 милиони луѓе.

„Постепено, но цврсто ќе продолжиме да ја зајакнуваме контролата во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата“, порача градоначалникот Собјанин.

Досега кај повеќе од илјада жители на Москва е потврдена заразата од Ковид-19, но само во последните 24 часа бројот на заразени се зголеми за 270. Исто така, од денес во Русија започнува и „неделата на присилни празници“ во текот на која работата ќе биде „паузирана“ за најголемиот дел од жителите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг