Италија: Тишината ја прекинуваат само амбулантните возила и црковните ѕвона

Макфакс

30/03/2020

09:54

1.037

Големина на фонт

а а а

Животот во Италија стана непрепознатлив, откако во земјата повеќе од 90.000 илјади луѓе беа заразени со Ковид-19 за помалку од осум недели, а за граѓаните воведени се и строги мерки на карантин, налик на куќен притвор, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Италија, европска земја која е најтешко погодена од налетот на новиот вирус, се соочува со невообичаена тишина во нејзините градови, пусти улици и затворени продавници, бидејќи граѓаните со недели не ги напуштаат своите домови поради строгите карантински мерки, воведени од италијанската влада за борба против вирусот.

Баровите и рестораните се затворени, уличниот живот и џагорот на плоштадите се заменети со тешка тишина, туристи нема, а вековните цркви се затворени за јавноста, јавува специјалниот дописник на „Танјуг“ од Италија.

Откако минаа три недели од изолацијата во домовите, поради строгите мерки пропишани од владата, за граѓаните дури и одењето во локалниот супермаркет претставува задоволство и прекршување на здодевното секојдневие кое се повторуво од ден во ден. Пред многу продавници се создаваат редови и луѓето чекаат за влез, почитувајќи ги правилата за меѓусебна оддалеченост.

Граѓаните се сè повеќе загрижени, веќе не се слушаат песни од прозорците и балконите, тишината ја кршат само сирените на брзата помош, звукот на црковните sвона, а честопати и хеликоптерите, се вели во репортажата на „Танјуг“.

Уличната контрола е засилена, забрането е движење во групи, а сите продавници кои не влегуваат во категоријата на неопходни, како маркетите за храна и аптеките, се затворени. Од едно домаќинство на пазарање може да појде само едно лице.

Секој ден во 18 часот, членовите на семејството се собираат пред малите екрани, бидејќи во овој термин италијанската цивилна заштита ја соопштува новата бројка на заразени и мртви од коронавирусот, кој звучи како воен извештај.

Во Италија, земја која има над 60 милиони жители, во моментов се тестираат само оние со симптоми на Ковид-19 затоа што лабораториите не се во состојба да се справат со голем број на тестови.

Во земјата со коронавирус досега се инфицирани 97.689 лица, а починаа 10.779.



Спонзорирани линкови

Маркетинг