Лукашенко не се грижи поради коронавирусот: Игра хокеј и ги советува граѓаните да пијат вотка!

Точка

30/03/2020

09:29

1.635

Големина на фонт

а а а

Додека речиси сите земји во светот воведуваат остри мерки во борбата против коронавирусот, во Белорусија жителите се советуваат да пијат вотка и да одат во сауна.

Претседателот на земјата, Александар Лукашенко не е нешто посебно загрижен поради пандемијата на Ковид-19, а во Белорусија се игра и фудбал. Белоруските власти не планираат да го откажат првенството и само се внимава луѓето да држат растојание меѓу себе и повремено им се мери температура.

Лукашенко и самиот покажа дека е љубител на спортот, па во саботата учествуваше на хокејарски натпревар каде што порача дека „спортот е најдобриот лек против вирусот“.

„Подобро е да се умре стоејќи на нозе, отколку да се умре на колена“, изјави Лукашенко, а запрашан дали нешто би можело да го спречи да игра хокеј, тој изјави: „Но, зошто? Не разбирам, овде нема вирус“.

Лукашенко запраша еден од новинарите дали гледаат како „вируси летаат наоколу“, по што порача: „Ниту јас не ги гледам, ова е фрижидер“.

Првиот човек на Белорусија, земја која има 9,5 милиони жители, неодамна ги советуваше граѓаните да пијат по 50 милилитри вотка дневно како превенција од вирусот, совет кој е целосно спротивен од Светската здравствена организација.

Покрај тоа, Лукашенко порача дека редовната посета на сауна, работата на отворено и редовниот доручек се најдобар начин да се остане здрав. Стриктните мерки кои ги воведоа другите земји во светот ги нарече „неконтролирани и психотични“.

Инаку, Белорусија според последните информации има 94 потврдени случаи на заразени со коронавирус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг