Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот профил на Фејсбук објави дека се подготвени 8-те автобуси со кои се пречекаат и пренесуваат македонските државјани кои доаѓаат од Берлин со лет во 17 часот.
Со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, обезбедуваме транспорт до хотелот Цар Самуил во Струмица, каде ќе бидат во следните 14 дена во задолжителен државен карантин. Го штитиме колективното здравје и здравјето на секој граѓанин, напишал министерот во својот пост.
Во постот понатаму пишува дека станува збор за наши граѓани кои се враќаат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чувствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски. Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома.