Нереални сцени: Граѓаните оставаат пакети со храна по патот

Точка

29/03/2020

16:37

6.256

Големина на фонт

а а а

Во време кога на сите ни е потребна солидарност, на интернет кружат снимки кои покажуваат дека сепак е во човековиот дух подготвеноста да им се помогне на другите.

Како што пишува на социјалните мрежи, граѓаните на Турција на улиците оставаат пакети храна за оние кои се најзагрозени, односно за оние кои не можат да заработат за да се прехранат себе и своето семејство. 

"Ми се допаѓа тоа што луѓето најдоа начин да се зближат и тоа додека практикуваат социјално дистанцирање", напишала една корисничка на Твитер.

Иако некои од коментаторите тврдат дека не станува збор за Турција, сепак, не можеме да ги занемариме овие глетки како пример за тоа како треба да се однесуваме едни кон други во тешки времиња.

##https://twitter.com/Yourmoiz/status/1241820168742821888?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг