Две нови жртви на коронавирусот во Македонија

Точка

29/03/2020

12:54

7.220

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство на Северна Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја извести јавноста за новонастанатите ситуации поврзани со коронавирусот.

Филипче соопшти дека коронавирусот зема две нови жртви во нашата земја - еден 91-годишен маж, кој бил хоспитализиран 8 дена, и рано утрово 31-годишен пациент, чија клиничка слика била тешка, со влошување на состојбата и кој бил ставен на респираторна машина. 

Министерот додаде и дека вкупниот број на новодијагностицирани лица во нашата земја е 16, со што вкупниот број сега изнесува 257 дијагностицирани пациенти.

На инфективната клиника се примени тројца пациенти од Скопје и Куманово. Во моментов се хоспитализирани вкупно 49 пациенти, 7 со потешка клиничка слика, но сепак нема пациенти кои се ставени на респираторна машина.

Филипче кажа дека две лица имаат втор негативен тест, а за два до три дена по нивните втори тестови уште седум пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.

По вчерашната смрт на пациентката од Струга и нејзиното болничко незгрижување во охридската болница, министерот за здравство Филипче рече дека е донесена одлука директорката на болница во Охрид утре да биде разрешена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг