Ја нарекле себична к*чка бидејќи купила храна во износ од 1.100 долари, а таа им одржала лекција

Точка

28/03/2020

16:07

8.553

Големина на фонт

а а а

Објавата на Американката Стефани Рајмер Витакер станала вирална бидејќи открила дека не сите кои купуваат големи количини на храна овие денови се себични и безобѕирни.

Откако луѓето на социјалните мрежи пишувале дека таа е себична к*чка, Стефани одлучила да ја открие причината зошто во еден ден купила намирници во вредност од 1.100 долари. 


“Не испразнив ниту една полица. Не земав ништо од никого. Купував со список. Список кој се состои од барања на шест семејства кои ги познаваме. Семејства со мали деца, семејства со посебни потреби, семејства со самохрани мајки кои работат како медицински лица и моите родители и баби и дедовци”, објаснила Стефани.


“Дојдов дома и потоа поминав 3 часа во гаража заедно со сопругот, пакувајќи ги намирниците во кутии кои ги оставаме пред вратите на споменатите семејства за да не ризикуваме ничие здравје”, напишала Американката и додала дека не треба да се осудуваат другите.


“Подобро ќе нѝ биде доколку претпоставиме дека луѓето имаат добри намери, а не дека сакаат да нè измамат. Ние не познаваме никого, не знаеме низ што прошле, низ што проаѓаат или каде одат. Побарајте помошници, секогаш се тука. Бидете добри едни кон други”, заклучила таа.


Објавата на Стефани собрала над 40 илјади лајкови, а луѓето пишувале само пофални зборови.

“Вие двајца сте неверојатни”, “Ви благодарам што сте пример за другите”, “Имате златно срце”, се само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг