Кај 90 отсто од луѓето во Србија заразени од коронавирусот биле дијагностицирани и овие болести...

Точка

28/03/2020

13:50

15.731

Големина на фонт

а а а

Бројот на заболени луѓе од коронавируст во рамките на целиот свет непрекинато расте, а загриженоста кај граѓаните е се поприсутна.

„Без оглед на разновидноста, најчесто компликации имаат луѓето кои што имаат хронични заболувања и во над 90 отсто од случаите утврдено е барем едно хронично заболување кај истите“ – истакнала д-р Дарија Кисич Тепавчевиќ во вчерашната конференција за новинарите во Србија.

Како што изјавиле тие, кај 90 отсто од заразените пациенти во Србија имало дијагностициран дијабетес или пак проблеми со срцето, а често и едното и другото.

„Знаеме дека најчувствителни се луѓето кои што ги имаат овие заболувања. Тоа е нешто што се повротува кај поголемиот дел од вирусните инфекции“ – навела професорката Кисич Тепавчевиќ.

Единственото истражување во кое што биле вклучени 150 пациенти од Вухан, епицентарот на епидемијата, открило дека пациентите со кардиоваскуларни болести имаат значително поголем ризик од смрт во текот на заразата на коронавирусот.


Тоа се случува бидејќи срцето и белите дробови се поврзани. Пробајте само длабоко да вдишете и издишете, пулсот автоматски ќе ви забрза.

Но, доколку срцето ви е слабо или бак имате некакви блокирани артерии, тогаш вашето тело вложува многу поголем напор за крвта и кислородот да циркулираат по целото тело.

Шеќерот самиот по себе, во текот на долг период ги оштетува крвните садови што доведува до оштетување на разни органи во телото.

Во тој случај се оштетува и нашиот џигер, кој што е најважен прочистувач на телото од токсини, а затоа е важно да останеме дома и да не излегуваме додека пандемијата не заврши.

Да се зачуваме себеси и нашите сакани!




Спонзорирани линкови

Маркетинг