Југословенски весник ги предвидел изолацијата и ЈуТјуб уште пред 40 години

Точка

27/03/2020

19:15

8.291

Големина на фонт

а а а

Предвидувањата се секогаш интересни од временска дистанца, а еден југословенски весник пред дури 45 години пишувал за ЈуТјуб и живот во изолација.

Текстот "Директно во мозок: Технолошка фантазија за можностите на телевизијата" го објави порталот "Index" во соработка со "Yugopapir", а речиси и да станува збор за пророштво. 

Септември 1975: "Ја започнуваме емисијата. Дали сте подготвени? Во ред. Вие кои ги купивте новите таблети денес на екраните ќе видите нешто што никој друг не може. Тоа што е за другите невидливо, вие не само што ќе го видите, туку и со сите чувства ќе го почувствувате.

Ваквиот текст на телевизискиот спикер упатен до гледачот може денес да ни изгледа како фантастичен, но да видиме каква телевизиска иднина замислуваат експертите.

Познатите футуролози размислуваат за комбинација на телевизија со разни медицински препарати и лекови. Технолошката фантазија најавува можност телевизија која може да го заобиколи окото, увото и другите сетила, и сликата да ја прати директно во мозокот, во центрите кои контролираат вид, слух или мирис.

Тоа на некои ќе им изгледа забавно, на некои застрашувачки и неверојатно, но еден друг телевизиски продор, кој според остварувањето и реалноста ни е поблизок, предвидува дури и подлабока промена во нашиот секојдневен живот. ТВ пораката денес е едносмерна. Тоа е факт. Дома, во соба, ние сме пасивни набљудувачи на тоа што е на програмата. Во тој поглед нашиот живот е многу подлабоко поврзан со телефонот отколку со телевизија. Работата во главно ја завршуваме на телефон, од него во главно зависат голем дел од нашите пријателства, социјален живот, телефонот ни помага во љубовта. Сами одлучуваме кога и со која цел ќе ја употребиме таа едноставна, мала направа без која не можеме да го замислиме нормалниот живот.

Меѓутоа, телевизиските пронаоѓачи, електроинженери, уметници, големи компании за таканаречени аудио-визуелни медиуми, сите брзаат во настојувањето модерната телевизија да го достигне, па и престигне "старомодниот телефон". Веќе се подготвуваат двојни ТВ-кабловски системи, усовршени касети, сликофони, информативни банки, компјутерски врски...

Сето тоа води до нов систем кој може да го наречеме Инди-видео, со други зборови: Идивидуализирани комуникации со помош на телевизија. Со оглед на тоа дека тука зборуваме за човековата моќ на комуницирање новиот Инди-видео систем во таа смисла би можел да донесе фундаментални промени. Ќе набориме само некои од можностите.

Пионерите на инди-видео развојот предвидуваат мали, евтини тв-камери со кои би се служеле како сега со телефоните или електронските компјутери. Тие веќе зборуваат и за времето кога ќе можеме индивидуално да им се јавиме на пријателите или соработниците и да им пренесеме не само перфектни слики во боја, туку и мирс, вкус...

Унапреден, таквиот систем би можел целосно да го измени нашиот начин на живот и работа. Многу работи не бараат присуство на работното место. Преку телевизиско-компјутерски врски повеќето од нас би можеле подеднакво добро да ги вршат дневните работи, а да останат дома.

Би можеле да контролираме машини, готови производи, да одржуваме состаноци, без да го пречекориме куќниот праг. Ова исто така би можело да го избрише дивото брзање во кое денес ги губиме нервите и трпението. Би заштедиле многу енергија потребна за одење на работа и враќање дома.

Посебно е интересна можноста секој граѓанин да влијае на јавното мислење. Во моментот да ги изнесе пред јавноста своите идеи.

Доволно би било човекот кон себе да ја насочи својата Инди-видео камера и да ги пренесе своите сугестии, искуства и знаење на група луѓе кои во тоа време разгледуваат социјално важни одлуки. Таа идна фаза во развојот на телевизијата можеби е и крај на досегашниот модел на мас-медиуми кои даваат шаблонски модели на потрошувачка. Новиот систем ветува голема количина на разни идеи во најнепосреден облик.

Човекот индивидуално ќе има сто начини да се изрази, да креира, да го избере тоа што му одговара.

Какви дополнителни појави новата технологија на Инди-видео системи би можела да донесе, не можат да кажат ни најдобрите експерти. Колку луѓе би сакале да живеат во изолација, без живи средби меѓу сограѓаните?

Какви траги на нашиот нервен систем би оставиле разните и бројни пораки во секојдневниот телевизиски контакт? Каков ќе ни биде интимниот живот?

Тоа се прашања на кои нема прецизен одговор, но - судејќи по се - иднината на телевизиските системи ќе биде фундаметално поинаква од денешната”.

Ако случајно се изгубивте во овој текст, потсетуваме дека го напишал С. Андријиќ во 1975-та та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг