Домашен третман со зелен чај за уморни очи и подочници

Точка

27/03/2020

18:15

1.988

Големина на фонт

а а а

Зелениот чај поради своите антиоксидативни својства е совршен здрав производ.

На почетокот зелениот чај бил многу популарен во Кина и се користел за лекување на сите видови главоболки и депресија. Денес се користи за многу работи, но и се консумира поради многу здравствени придобивки.

Освен здравствените придобивки, зелениот чај има и низа добри работи кога станува збор за кожата и телото. Зелениот чај помага за подмладување на кожата, а може да се користи и за лекување на рани и болести, исто така на кожата.


Делува како природен тоник, помага за вадење на нечистотијата, ги намалува порите и ѝ дава природен сјај на кожата.

Третман за уморни очи и подочници:

Ставете две вреќички зелен чај во фрижидер на 30 минути. Ладните вреќички чај ставете ги врз затворени очни капаци. Седете и опуштете се 30 минути. Практикувајте ја оваа метода двапати дневно - додека не бидете задоволни од резултатите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг