Tesla има сериозен проблем со контролата на квалитет: Многу недостатоци кај автомобил од 50 илјади долари...

Точка

27/03/2020

17:40

2.716

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа што оваа компанија е релативно нова, може да се каже дека нема премногу искуство кога станува збор за масовното производство на се повеќе и повеќе автомобили.

Tesla во изминатите години значително го зголеми обемот на производство, а поради тоа американската компанија се соочува и со бројни поплаки затоа што многу автомобили, иако ја поминале контролата на квалитетот, сепак имаат бројни недостатоци.

Најголемиот број на замерки се од естетска природа и се однесуваат на лошиот квалитет на бојата, ситни гребнатинки и прашина заробена под лакот. На YouTube каналот на Chicago Auto Pros, објавено е видео на кое детално се прикажани недостатоците кај Model Y, модел чие што сериско производство започна пред планираниот рок и со тоа очигледно Tesla жртвуваше нешто кај квалитетот на завршната изработка.

Со оглед на тоа што имаат бројни недостатоци, треба да се напомене дека воопшто не станува збор за евтини автомобили. Верзијата Model Y Long Range Dual Motor AWD (со два електромотори и погон на сите четири тркала) моментално на американскиот пазар се продава по цена од 52,990 долари.

Купувачите на располагање ја имаат и Performance верзијата која чини 60,990 долари, а кога станува збор за попристапната верзија на Model Y, таа ќе се појави во продажба на почетокот на идната година по цена од 39 илјади долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг