Експлозија во Русија: Во несреќата загинале две лица - едно бебе е во критична состојба

Точка

26/03/2020

21:43

1.667

Големина на фонт

а а а

Во експлозија на гас, која разнела станбен објект во Магнетогорск, во Русија, загинале жена и 14-годишен тинејџер, пренесуваат локалните медиуми.

Прес службата ја потврдила смртта на двете лица, додавајќи дека едно 2-годишно дете исто така е повредено во несреќата и дека е во критична состојба, пренесува „TAS S“.

Експлозијата се случила денеска, во станбена зграда, а како последица од неа 6 станови ги зафатил пожар.

Итните служби евакуирале и спасиле 31 лице. Пожарот е изгасен, а властите велат дека истекувањето на гас би можело да биде причина за експлозијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг