Надал и Гасол со акција за собирање 11 милиони евра за Црвениот Крст

Макфакс

26/03/2020

19:16

867

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал ги повика шпанските спортисти да се обединат и да соберат 11 милиони евра за Црвениот Крст во помош за епидемијата на корона вирусот.

Шпанија е една од најпогодените земји од вирусот со над 4.000 мртви, и Надал преку Инстаграм откри дека зборувал со НБА ѕвездата Пау Гасол за тоа што можат да направат да помогнат на Црвениот Крст со заштитна опрема.

„Мислам дека ние спортистите сме дел од општеството и сега е време вашите спортисти да не потфрлат. Стигнавме до заклучок дека е потребна иницијатива за обединување на шпанскиот спорт во знак на солидарност и добар пример за единство. Целта е јасна – да се соберат 11 милиони евра за да се помогне на 1.35 милиони луѓе. Пау и јас веќе направивме донација и сега веруваме дека е време и на вас“, вели Надал во видео-обраќањето.

Надал е последниот од славните спортисти кои даваат поддршка во време на криза. Роџер Федерер вчера донираше милион швајцарски франци за ранливите семејства во неговата татковина, а Лионел Меси и Пеп Гвардиола дадоа по 1 милион евра за болниците во Барселона, додека Кристијано Роналдо и неговиот агент Жорге Мендеш опремија три болници во Португалија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг