„Пакет Ковид-19“ - изолација во луксузен хотел со тестирање за коронавирус чини како суво злато

Точка

26/03/2020

16:32

1.767

Големина на фонт

а а а

Луксузен хотел во Швајцарија на своите госити им понуди пакет Ковид-19.

Овој хотел може да се пофали со услуга во која имате минимален контакт со другите луѓе, а со појавата на коронавирусот и социјалното дистанцирање, тоа го подигнал на повисоко ниво.

View this post on Instagram

Happy Sunday!

A post shared by Le Bijou (@lebijou_switzerland) on

Пакетот вклучува престој во луксузен апартман, услуга од специјалистички доктор, личен готвач, достава на храна, па дури и тестирање за коронавирус.

„Не мора да се изложувате на опасност покрај заразените пациенти и можноста за дополнителни инфекции во болниците. Со нашите здравствени партнери ви гарантираме медицински прегледи и тестови на коронавирус во вашиот апартман“, стои на интернет страницата на хотелот.

„Le Bijou“ има 42 апартмани кои ги опишуваат како „луксузен Airbnb“ во нивните имоти низ Швајцарија. Сите се опремени со сауна, џакузи, камин и теретана, пренесува „The Insider“.

Освен хигиеничари, нема друг персонал, а на гостите им се достапни луѓе кои ќе им нарачуваат храна, личен готвач, масажер и слично.

„Сè е направено така што не мора ниту да гледате други луѓе“, објаснил директорот на хотелот, Александер Хубнер.

Додал дека луксузниот пакет Ковид-19 бил следен логичен чекор и дека гостите почнале да бараат сè подолго сместување и сè повеќе лекарски услуги. Истакнал дека сепак ги намалиле цените за престој.

Ноќевањето кое досега чинело околу 1000 долари, сега го намалиле речиси двојно. Посета на лекар двапати дневно чини околу 800 долари, а тестирањето околу 500 долари. Целодневна грижа на медицински персонал чини дополнителни 5.200 долари, а 2-неделен престој од 6 до 80 долари, во зависност од тоа што сè е вклучено во пакетот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг