Нина Бадриќ жртва на интернет измама: „Некој сака да се збогати во оваа тешка ситуација“

Точка

26/03/2020

15:03

3.169

Големина на фонт

а а а

Нина Бадриќ на својот Инстаграм профил објави дека е жртва на интернет измама.

Се појавија огласи кои рекламираат таблети за слабеење, а идентитетот на Нина е искористен за промоција.

Со рекламата се обидува да се создаде илузија дека пејачкат ги користи тие таблети за слабеење и дека е воодушевена од нивниот ефект. Нина предупреди дека се работи за крадење на идентитетот и дека таа нема никаква врска со тоа.

„Драги мои, одговорно тврдам дека немам никаква врска со овој лажен производ кој деноноќно го рекламираат на сите социјални мрежи. Непознати лица го украле мојот идентитет и го користат во маркетиншки цели. Ве молам да не ги купувате овие наводни таблети за слабеење. Не наседнувајте на овие лажни огласи и не ги купувајте овие лажни производи кои одредени лица ги користат за да се збогатат во оваа тешка ситуација. Моите адвокати се запознаени со целата ситуација и веќе си ја вршат својата работа.
П.С. Најдобра диета е дупната лажица, проверено. Ви благодарам и чувајте се“
, напиша Нина на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг