Балак обелодени зошто го одбрал Челси пред Јунајтед

Дерби

26/03/2020

14:18

603

Големина на фонт

а а а

Михаел Балак во својата кариера имаше можност да игра за неколку квалитетни и големи клубови, но и воедно да одбие понуди кои дефинитивно многу значат во европскиот и светскиот фудбал.

Еден од тие одбиени клубови е Манчестер Јунајтед кој сакал да го доведе Германецот во 2006 година откако стана јасно дека го завршува својот престој во Баерн Минхен. „Црвените ѓаволи“ притискале за Балак, ама тој на крајот се одлучи за Челси каде за четири години ги освои сите титули во Англија, а во сезоната 2007-2008 играше во финалето на ЛШ.

По толку години Михаел одлучи да се отвори на таа тема и да обелодени зошто го избра Челси пред Јунајтед.

- Еден од првите клубови кој покажа интерес беше Јунајтед. Тие немаа добра година. Да се освои лигата за мене беше една работа, но секогаш сон за мене беше триумфот во ЛШ. Не беше лесно да се реши со кој тим навистина би можел да го нападнам овој трофеј, затоа што имаше толку многу добри клубови. ‘Манчестер Јунајтед во тие денови не беше толку добар како порано. Челси ја освои лигата двапати со Мурињо. Тие инвестираа во многу играчи, имаа неверојатен состав. Манчестер Јунајтед е неверојатен клуб со огромна историја, но и јас имав огромни амбиции, па го избрав Челси. Пакетот беше навистина добар, се чувствував пријатно. Лондон исто така беше аргумент да се преселам во голем град. Кога имате 29 години, имате семејство, сакате да бидете сигурни дека ќе биде пријатно. Јас му дадов знак на мојот агент дека сакав да одам во Челзи. Тие ми беа преферирана опција, - откри Балак за „Скај Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг