Љубовта кон Манчестер Јунајтед на испит: Шангај на Игало му нуди договор кој не се одбива…

Дерби

26/03/2020

13:24

1.079

Големина на фонт

а а а

Кинескиот клуб кој се уште го поседува договорот на Одион Игало, Шангај Шенхуа му нуди нов двегодишен договор на фудбалерот кој моментално го носи дресот на Манчестер Јунајтед како позајмен фудбалер.

Вчера излегоа шпекулации дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го донесе Игало на перманентна основа и за него се подготвени да издвојат 15 милиони евра.

Игало бил согласен да добие значително намалување на платата, односно да заработува околу 100.000 фунти неделно во Манчестер Јунајтед, наспроти 300.000 фунти кои ги заработуваше во кинескиот клуб.

Сепак сега, Шангај му нуди нов двегодишен договор кој би истекол во 2024 година и според кој би заработувал вртоглави 400.000 фунти неделна плата.

Сега играчот е на вистински испит затоа што во претходниот период кажуваше дека сонувал да игра за Манчестер Јунајтед, па ова ќе биде вистинска прилика да се покаже љубовта кон „ѓаволите“ и дали таа е посилна од парите кои му ги нуди тимот на Шангај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг