Поранешен соиграч на Мане откри кој е „виновникот“ што Сенегалецот игра на врвно ниво: Секогаш беше мирен…

Дерби

26/03/2020

13:22

1.079

Големина на фонт

а а а

Садио Мане важи за еден од најпочитуваните и најдобри фудбалери во моментов во светот на фудбалот.

Сенегалецот импресионира со своите настапи, а привлекува пофалби и со неговото однесување на теренот, но и надвор од него.

За Манеима сериозен интерес од Реал Мадрид, но тешко дека Ливерпул ќе го пушти да си замине од клубот.

Неговиот некогашен соиграч од Ред Бул Салцбург, Томас Дане откри кој е главниот „виновник“ што Мане игра во врвна форма.

– Секогаш беше неприметно и мирно момче. Кога во 2012 година стигна во клубот беше видливо дека ќе стане добар, но дека осум години подоцна ќе биде меѓу најдобрите на светот не очекуваше никој. Сега е ѕвезда, а тука е најмногу благодарение на Јирген Клоп. Тој неговата игра ја подигна на едно ново ниво. Ист човек е како некогаш, но сега е далеку поквалитетен фудбалер, - истакна Дане.



Спонзорирани линкови

Маркетинг