Постојат 4 начини како ќе заврши пандемијата на коронавирус: Доколку не направи една работа, човештвото може да се најде во уште поголема опасност

Точка

26/03/2020

19:07

4.106

Големина на фонт

а а а

Ако ја искористиме предноста на постоечките лекови кои најмногу ветуваат во борбата со вирусот, крајот на пандемијата може да дојде побрзо отколку што многумина мислат.

Таа теза во авторски текст за “Fox News” ја изнел еден од водечките американски епидемиолози, Вилијам Хаселтин, кој неодамна се вратил од Вухан од кинеско-американскиот самит за здравје. Хаселтин вели дека сегашната епидемија на Ковид-19 не е неочекувана помеѓу научниците и предупредува дека ќе се соочуваме и со други биолошки закани. 

Меѓутоа, тој смета дека ова е прилика за креирање на лекови чиј развој застанал по претклиничките студии бидејќи претходните епидемии биле спречени.


“Сред епидемијата на САРС и МЕРС се развиени лекови кои целат кон клучните протеини на коронавирусот, во лабораториски и претклинички студии, но никогаш не се развиени до клинички тестирања. Тоа е затоа што не постоеше пазар за тие лекови, па ниту една влада не беше спремна да го гарантира нивниот откуп. За среќа, денес е обновен интересот за забрзан развој на тие лекови”, пишува д-р Хаселтин.

Пандемијата на вирусот ќе заврши без оглед колку таа денес можеби изгледа непобедлива. Единственото прашање е – како, а докторот наведува 4 можни начини.

Коронавирусот ќе стане сезонски

Ако се утврди дека вирусот е сезонски, тоа значи дека бројот на нови случаи ќе опаѓа со доаѓањето на потоплото време. Но, во ова сценарио, коронавирусот ќе се врати кога повторно ќе залади.

Единствено можеме да се надеваме дека дотогаш здравствените системи ќе бидат подобро опремени да помогнат во закрепнувањето на пациентите кои тешко ќе заболат.

Ќе се создаде колективен имунитет

Колективниот имунитет се создава кога доволен дел од популацијата ќе се зарази, закрепне и развие природен имунитет.

Тука проблемот е што развојот на колективен имунитет бара значаен временски период.


“Додека чекаме, во Америка може да починат од 200.000 до 1,7 милиони луѓе”, предупредува д-р Вилијам.

Ќе се развие вакцина

Ова, според неговите зборови, има смисла доколку вакцината би била достапна за сите. Моментално во одредени фази од развој се најмалку 5 вакцини, а една започна и со клинички студии оваа недела.

Ваквиот развој ветува, но и тука станува збор за проблем со временскиот период. Во најдобар случај ќе бидат потребни месеци пред вакцината да биде достапна за масовно производство.

Ќе се развијат тераписки лекови

Како уште едно сценарио се појавува и забрзаниот развој на тераписки лекови кои третираат респираторна инфекција и, во зависност од лекот, превенираат нејзино повторно појавување.

Една од опциите е комбинација на лекови против вирус кои целат кон рибонуклеинската киселина (РНК) во средиштето на вирусот, одговорен за денешната пандемија.


Во иднина, заклучува д-р Хаселтин, ќе се појави некој друг смртоносен коронавирус, а ќе се појават и други смртоносни и преносливи облици на грип, глобално ширење на туберкулози отпорни на антибиотици и бактерии отпорни на антибиотици.

“Епидемијата на коронавирус е уште една лекција од природата која ја игнориравме во минатото. Ако ја игнорираме во иднината, можеме да се најдеме во уште поголема опасност”, заклучил докторот, некогашен професор на Харвард и основач на Одделението за истражување на канцер и ХИВ на тој универзитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг