Кардашијанката жестоко ја нападна пејачката! - расправијата не застанува и после 4 години

Точка

25/03/2020

22:22

3.468

Големина на фонт

а а а

Фановите на Тејлор Свифт полуделе кога виделе дека нивната миленичка од страна на Ким Кардашијан е наречена “лажга“.

Тоа го направила поради извесен разговор во кој нејзиниот сопруг бара дозвола неа да ја нарече ку*ва во една негова песна, за што наводно таа никогаш не дозволила.

Хаосот трае веќе со години, а Кардашијанката била упорна дека е во право, сè додека не се појави аудио-запис од телефонски разговор на кој не се слуша дозволата на пејачката. Твитер сега се обидува да го спаси профилот на ријалити ѕвездата од лутите фанови кои се обидуваат да ја “избришат“ поради тоа што зборувла лошо за нивната Тејлор.

На снимката, наводно, Каније Вест бара од Тејлор дозвола да ја избрише песната од нејзиниот Твитер профил, но не упатил ниеден погрден збор.


После многу твитови во кои Ким се ободува да се оправда себеси и нејзиниот сопруг, се огласи и Тејлор:

„Наместо да им одговарам на оние кои ме прашуваат како се чувствувам поради снимката која целосно излезе во јавноста и која е доказ дека цело време ја зборував вистината (дека се работи за разговор кој е илегално снимен, кој претходно е монтиран и со кој се манипулираше и кој мене, моето семејство и фановите да нè 'фрли' во пекол во кој сме веќе 4 години поради оваа ситуација), јас ќе укажам на нешто што е многу поважно во период на пандемија од коронавирусот“, биле нејзините зборови, после кои споменала една органзација, па така “ѝ ја затворила устата“ на старлетата и на раперот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг