Од Бакингемската палата порачуваат: Кралицата е здрава, не била во контакт со Чарлс од 12-ти март

Точка

25/03/2020

19:23

2.473

Големина на фонт

а а а

Откако од британската телевизиска резиденција е потврдено дека 71-годишниот принц Чарлс е позитивен на коронавирус, од Бакингемската палата ја известиле јавноста дека кралицата Елизабета Втора е во добра здравствена состојба.

Кралицата моментално со својот сопруг, принцот Филип, се наоѓа во Виндзор, кој е надвор од Лондон, додека принцот Чарлс е во Шкотска. 

Принцот Чарлс последен пат стапил во контакт со 93-годишната кралица на 12-ти март во Бакингемската палата.

"Кралицата е здрава. Принцот од Велс последен пат го виде на 12-ти март. Кралицата со сопругот Филип го напушти Лондон на 19-ти март и од тогаш е во дворецот Виндзор", стои во соопштението.

Принцот Чарлс засега има благи симптоми и се чувствува добро. Неговата сопруга Камила е тестирана и не е заразена. И принцот Чарлс и неговата сопруга сега во самоизолација во дворец во Балморал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг