Направил носилка за бебе во екот на коронавирусот: На транспортер за мачки го вградил ова па безгрижно прошетал

Точка

25/03/2020

19:03

1.780

Големина на фонт

а а а

Татко на двомесечно бебе од Шангај направил носилка за бебе опремена со систем за прочистување на воздух, за да го сочува своето дете од инфекција со коронавирус.

Чао Јунџе, имено, преуредил транспортер за мачки за да направи носилка која се затвора и има монитор за квалитет на воздухот кој прикажува концентрација на јаглерод диоксид внатре во носилката. 

"Поради епидемијата минав еден месец изработувајќи ја оваа носилка за своето дете. Тоа може да создаде безбедно и комфорно окружение за бебето", рекол денес Чао за "Reuters".

Неговата сопруга Фанг Лулу рекла дека на почеткот не била сигурна колку ќе му биде комфорно на бебето во такво креветче.

"Мислам дека носилката која ја направи е прилично безбедна. Ја тестиравме веќе неколку пати, така што чувствувам олеснување", рекла Фанг.

Вирусот Covid-19, кој кон крајот на минатата година се појавил во Кина заразил повеќе од 420.000 луѓе во светот, а повеќе од 18.000 луѓе починале.




Спонзорирани линкови

Маркетинг