Ким насред пандемијата го зголемува богатството, луѓето бесни: Навистина ли немаш доволно пари?

Точка

25/03/2020

16:02

5.975

Големина на фонт

а а а

Новиот потег на Ким Кардашиан наишол на осуда кај огорчените луѓе кои не криеле што мислат.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан на социјалните мрежи го споделила својот план за донирање на пари, како помош за фондот основан од "Baby2Baby". 

Станува збор за непрофитна организација која ги пружа неопходните работи за сиромашните деца, а кои живеат на подрачјето на Лос Анџелес, каде живее и Ким во дворец со осум спални соби и 10 бањи.

Но, немир не предизвикало тоа што Ким сака да ги донира парите, туку како.

Во постот што го објавила на Инстаграм, Ким ги повикува фановите да купуваат производи од нејзината марка "Скимс", а таа ќе донира 20 проценти од профитот во споменатата непрофитна организација за деца.

Практично, купувачите мора да ги купат нејзините производи за таа дел од заработката да донира во хуманитарната организација.

Луѓето почнале да го изразуваат своето незадоволство и да ја прашуваат зошто таа не може да донира пари од нејзиното богатство, кое е проценето на нето вредност од 350 милиони долари.

Сличен пост објавила и на Твитер:

## https://twitter.com/KimKardashian/status/1242119055089295361?s=20##

На овие објави луѓето остро реагирале.

Едни рекле дека тоа што го прави е погрешно, други бесно реагирале ставајќи ги под прашање нејзините намери и прашувале зошто да донира само 20 проценти, кога може да донира 100 и да не се обидува да заработи во време на пандемија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг