Иако според календарот пролетта официјално нѝ пристигна, снегот нè изненади во овој период од годината.
Токму затоа е вистинско време да се згреете со топло чоколадо за чија припрема ви се потребни само 2-3 минути.
- 100 гр. шеќер
- 1 лажица густин
- 100 гр. исечкано чоколадо (мин. 50% какао)
- 50 гр. какао во прав
- прстофат морска сол
1. Ставете ги состојките во блендер и блендирајте сè додека не добиете фина, хомогена смеса.
2. Вака подготвениот прашок ставете го во тегла со капак и чувајте го на собна температура во рок од 2 месеци.
Доколку сакате веднаш да уживате во топлото чоколадо, загрејте 250 милилитри млеко, тргнете го од оган и во него додадете 3 лажици од подготвениот прашок.
Вратете го млекото на оган и варете уште некоја минута со постојано мешање.